Земјотрес во регионот на Мрежичко - Кавадарци од 3,4 степени по Рихтер

Сеизмолошката опсерваторија при Природно математичкиот факултет во Скопје јави дека попладнево е регистриран земјотрес на 92 километри од скопје во регионот Мрежичко - Кавадарци. Почувствуван е од жителите на Прилеп и Битола.

„Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес, 17.јули 2022 година регистрираше земјотрес на 92 километри јужно од Скопје, кој потекнува од епицентрално подрачје Мрежичко-Кавадарци.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресот се случи во 15 часот и 40 минути со Рихтерова локална магнитуда ML3.4 и интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, а беше почувствуван од населението во Прилеп, Битола и околината“, се вели во соопштението.

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе