Земјотрес од 3,9 степени на 8 км од Скопје

Во 14.09 часот во Скопје и околината беше почувствуван земјотрес, со јачина од 3,9 степени, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Мошне плиток земјотрес го потресе денеска македонскиот главен град. Епицентарот на земјотресот беше на 8 километри источно од Скопје, 1 км западно од Јурумлери. Потресот беше на длабочина од 1 километар, според ЕМСЦ.

Центарот прво објави дека земјотресот бил со сила од 3,4 степени, но потоа смени во 3,9.

Потресот го забележаа илјадници луѓе во радиус од приближно 20 км од епицентарот.

Не би требало да има штети поради малата сила на земјотресот. Повеќето луѓе што го почувствуваа забележаа кратко треперење, што предизвика вибрирање на прозорците, вратите, полиците итн.

По првичниот потрес, се почувствува уште еден, послаб.

Земјотресот беше почувствуван и во Србија и на Косово.

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе