Влада

Зеќири именуван во Совет за реформа на јавната администрација на местото на Рашковски

Согласно предлогот на владината комисија за кадровски прашања, Владата на денешната седница го отповика Марко Ѓоргиевски од должноста независен и неизвршен член на Одборот на директори на Акционерското друштво за вршење на енергетски дејност и Национални енергетски ресурси Скопје во државна сопственост.

Генералниот секретар на Владата Мухамед Зеќири, на владината седница е именуван во Совет за реформа на јавната администрација на местото на Драги Рашковски.

На седницата, соопштија од владиниот Сектор за односи со јавноста, Владата се информирала за оставката на Дарио Николовски од должноста директор на Државниот студентски дом „Скопје" во Скопје и заклучила да му препорача на Управниот одбор на Државниот студентски дом „Скопје" во Скопје, за вршител на должноста директор на Државниот студентски дом „Скопје" , да го именува Виктор Велевски.

„Владата ја прифати информацијата на Управниот одбор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност за именување на Марко Ѓоргиевски за в.д. директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност за време до изборот на директор, а најдолго за шест месеци“, се наведува во соопштението.

На негово барање, д-р Дарко Данев, е разрешен од должноста член на Совет на Институтот за акредитација на Република Северна Македонија – Скопје како претставник од универзитетите.

Владата на седницата го разреши Зоран Стојановски, исто на негово барање од должноста директор на Воспитно поправен дом Тетово, а Даниел Антовски е именуван за вршител на должност директор на Воспитно поправен дом Тетово. 

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе