УХМР

За Нова Година суво и ведро време

УХМР за денеска најавува пообилни врнежи во источните делови од земјата, особено на југоистокот каде локално дождот ќе биде пороен, проследен со засилен југоисточен ветер и појава на грмежи. Се очекува да наврнат и над 20 литри на метар квадратен.

Попладне на места ќе има засилен ветер од југоисточен правец.Максималната температура ќе биде од 5 до 13степени.

Според УХМР, на планините во северозападните делови ќе врне снег и снежната покривка ќе се зголеми.

Во Скопје до крајот на денот ќе биде облачно со повремен дожд, а во вечерните часови врнежите ќе престанат. Попладне ќе дува и умерен југоисточен ветер.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно и релативно топло време со сончеви периоди и со умерен до засилен јужен ветер, а во крајните западни делови ќе има услови за повременислаби врнежи. Во среда кон крајот на денот и во четврток претпладне врнежи од дожд ќе има на повеќе места.

За време на Новогодишната ноќ се очекува суво и претежно ведро време, во западните делови со мала до умерена облачност. 

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе