Време

Врнежлив викенд, на планините нов снег

Времето денеска преку целиот ден ќе биде облачно и со пообилни врнежи од дожд. На повеќе места ќе наврнат над 25 л/м2, а локално и над 40 л/м2 воден талог. Во западните делови од раните утрински часови на планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира нова позначителна снежна покривка. Ќе дува слаб до умерен, во утринските часови засилен ветер од југоисточен правец, а попладне ветерот ќе го промени правецот во северен.

Максималните дневни температури ќе достогнат во Скопје 5 Целзиусови степени, Маврово -1. Охрид и Битола 4, Крива Паланка 4, Берово 5. Кавадарци 8, Дојран 10.

Временската прогноза и за утре е променливо облачно, претежно во северните и западните делови на повисоките места ќе провејува снег, а на пониските ќе има слаби врнежи од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималните дневни температури ќе се движат од -1 до 10 степени.

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе

Откривањето на минатото ни помага многу да ги научиме изненадувањата на иднината.

повеќе