Времето облачно со можен пороен дожд

Времето денеска се очекува да биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни, проследени со појава на грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде од 6 до 12, а максималната од 13 до 19 степени.

Во Скопје се очекува времето да биде променливо облачно со повремен пороен дожд и со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне 19 степени.

Во следните денови ќе се задржи променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат поројни и пообилни. Од среда дневната температура ќе биде во пораст.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе