АМСМ предупредува

Возете побавно, магла има на повеќе патни правци

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, на одделни делници по влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла од 50 – 100м. има на патните правци Скопје – Катланово, Катланово – Скопје и клучка Хиподром – Обиколница Скопје – Кондово, до 50м. на патните правци Штип – Св.Николе и Св.Николе – Куманово и од 80 – 100м. на патниот правец Струмица – Г.П. Ново Село.

На патниот правец Свети Николе – Миладиновци на 10 км пред Миладиновци, поради свлечиште и голем одрон, сообраќајот е пренасочен само на една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација, информира АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Обврската за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба, трае до 15 март, потсетуваат од АМСМ.

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе