Разбистри сè

Водна книга - јавен увид во дозволите за користење на водните ресурси

Со обезбедувањето на јавни податоци за управување со водите и новата легислатива до поголема видливост за состојбата на водните ресурси, вели Нуредини.

Граѓаните добиваат увид кои компании и претпријатија имаат дозволи да ги користат и да испуштаат во водите или да ископуваат песок, чакал и камен од реките и езерата. Надлежните органи, пак, ќе можат полесно да ги следат и санкционираат оние кои не постапуваат според дозволите и да ја спречат деградацијата на водите. За пореална слика на состојбите со водните ресурси, се стандардизира и мониторингот врз квалитетот и квантитетот на површинските и подземните води.

Ова се овозможува со дигиталната платформа за Водната книга, база на податоци за управување со водите, и со Методологијата за мониторинг на водните тела, кои за потребите на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) беа изработени во рамките на кампањата „Разбистри сè“.

Дигиталната водна книга ги содржи информациите за издадените дозволи и концесии од Секторот за водите при МЖСПП. Таа обезбедува континуирано да се одржува информативниот систем за дозволите и нивно следење, а за граѓаните и инспекциските органи овозможува слободен пристап до информациите од системот, без посебни барања и постапки. Податоците од Водната книга треба да придонесат да се има увид на влијанијата врз водите, да се утврди потеклото на загадувањето и да се оцени дали оптоварувањето врз водните ресурси се врши во согласност со дозволите.

На денешната презентација, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини кажа дека дигиталната платформа ќе придонесе за транспарентност на податоците од Водната книга.

„Јавноста има право за пристап до податоците од животната средина и да знае за начинот и условите на користење на водните ресурси. Преку оваа дигитална платформа, ќе се овозможи сите релевантни податоци од Водната книга да бидат јавно и лесно достапни за сите засегнати страни“, изјави Нуредини.

За систематско следење на состојбата на површинските и подземните води, денеска беше презентирана и стандардизираната методологија за мониторинг донесена од МЖСПП. Правилникот за методологијата го пропишува начинот на мониторингот и оценката за еколошкиот и хемискиот статус и квантитетот на водите.

Методологијата за мониторинг на водите беше подготвена од професори од Институтот за биологија при ПМФ – Скопје и експерти од УХМР и Хидробиолошкиот завод – Охрид.

„Следењето, оценувањето и класифицирањето на квалитетот на водата е од витално значење за човештвото и е директно поврзан не само со човековата благосостојба, наводнувањето и исхраната, туку и со опстанокот на различни живи организми кои придонесуваат за еколошката рамнотежа на планетата Земја“, рече професорката Рената Ќуштеревска, раководителка на Институтот за биологија при ПМФ - Скопје.

Настанот се организираше по повод Светскиот ден на водата - 22 март, кој оваа година се одбележува под мотото „Подземни води - правење на невидливото видливо“.

Кампањата „Разбистри сè“ ја спроведува Институтот за комуникациски студии (ИКС) и е поддржана од Британската амбасада во Скопје.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе