Центар за јавно здравје Тетово

Водата од тетовскиот водовод не е препорачливо да се пие

Центарот за јавно здравје Тетово препорачува водата од градскиот водовод да не се користи за пиење поради појава на заматување предизвикано од интензивните врнежи од дожд. Состојбата не е аларманта и се очекува состојбата да се подобри по стабилизирање на состојбите со врнежите, но дотогаш да се користи флаширана вода или водата од водоводот да се преврува.

Центарот за јавно здравје Тетово препорачува водата од градскиот водовод да не се користи периодов поради појава на заматување предизвикано од интензивните врнежи од дожд. Состојбата не е аларманта и се очекува состојбата да се подобри по стабилизирање на состојбите со врнежите.

„Поради обилните дождови, најверојатно дојде до пробив до извориштата на Шар Планина и до заматување на водата за пиење во градскиот водовод на Тетово. Поради тоа, не препорачуваме водата да се пие односно препорачуваме да се користи флаширана вода или да се преврира 10 минути, а потоа да се употребува изладена. Првичните резултати се во рамки на нормални вредности. Нивото на резидуален хлор е 0,2 милиграми на литар, така што препорачуваме да не се консумира додека не излеземе со конечните резултати. Нивото на резидуален хлор ни дава надеж дека нема да дојде до микробиолошко загадување и дека ова ќе биде едно транзиторно заматување на водата за пиење", изјави доктор Ратко Давидовски, специјалист по хигиена и здравствена екологија во Центар за јавно здравје.

Тетово во моментот се снабдува со вода од четирите извори на Шар Планина и од т.н. стар водоснабдителен систем. Новиот систем кој зема вода од планинските реки кај месноста Лешница веќе неколку дена е вон функција, исто така поради заматување на водата и затоа што сензорите на филтер-станицата не дозволуваат проток на водата.

Стариот систем од извориштата на Шар Планина денеска има зголемена количина и доток на вода во мрежата од 310 литри вода во секунда, кои во саботата биле 150. Тоа е амплитуда која се случува оддеднаш и поради дождовите и ќе се намали, информира Љуљзим Шаќири од ЈКП Тетово.
Четирите извори од стариот систем се Уливерички извор, Вакуф, Попова Шапка и Драга Вода.

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе