Министерот за интервенцијата на МВР

Во Вевчани немаше спектакуларно апсење, сакаа инцидент од политички причини, вели Спасовски

Во Вевчани не се случи ништо спектакуларно, од политички причини сакаа инцидент и сензационалност, оцени министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во врска со интервенцијата на полицијата поради непочитување на задолжителните мерки за заштита од ковид-19 на Вевчанскиот карневал.

Спасовски во интервју за националниот сервис МТВ нагласува дека договорите „кои ги постигнале во вевчанци, не се испочитувале".

Министерот апелира да се почитуваат мерките и на тој начин да им се помогне на здравствениот систем и на медицинските работници.

Јануари е полн со празници и затоа апелираме да престанат групирањата и доследно да се почитуваат мерките, потенцира Спасовски.

Инаку, завчера и покрај откажувањата на дел од организаторите на карневалот, стотина василичари од Вевчани, под карневалски маски, се обидоа да го одржат карневалското дефиле, по што интервенираше полицијата.

Дел од вевчанци обвинија дека некој сака да ја уништи вековната василичарска традиција.

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе