Во сабота топло, во недела пад на температурите и за 9 степени

Утре се очекува максималната температура да достигне до 27 степени, но за в недела се прогнозира посвежо време, а температурите ќе опаднат за 6 до 9 степени. Од понеделник утринските температури ќе се спуштат и под нула степени.

„Времето утре ќе биде сончево и значително топло време. Утринските температури ќе се движат од 3 до 8 степени, а дневните од 19 до 27 степени. В недела под влијание на постудена и влажна воздушна маса времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд“, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Наместа врнежите ќе бидат поројни и обилни проследени со појава на грмежи и засилен северен ветер. Дневните температури ќе опаднат за 6 до 9 степени.

Во почетокот на следната седмица утринските температури ќе бидат под нулата, информираат од УХМР.

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе