Во Прилеп почнува одбележувањето на 21 годишнината од убиството на 10 војници кај Карпалак

Во прилепската касарна „Мирче Ацев“ вечер од 18 часот почнува одбележувањето на 21-годишнината од убиството на 10 припадници на АРМ. На 8 август кај месноста Карпалак 2001 година армискиот конвој беше нападнат од заседа и загинаа 10 прилепски резервисти.

Пред споменикот на загинатите бранители во кругот на касарната „Мирче Ацев“ семејствата на загинатите, претставници на гарнизонот, од локалната самоуправа и граѓани ќе положат свежи цвеќиња и ќе биде посетена спомен собата во касарната.

Од 19 часот ќе биде посетен и спомeникот на загинатите во селото Лениште кај Прилеп, а вечерна богослужба ќе се одржи во манастирот „Света Петка“ во селото.

Утре изутрина, на 8 август, делегации ќе се упатат на месноста Карпалак на патот Скопје-Тетово, ќе бидат посетени вечните почивалишта на загинатите бранители на прилепските градски гробишта и во населените места. Во 10 часот ќе се одржи панихида во црквата „Света Петка“ во прилепската населба Точила.

Централното одбележување е во 13 часот пред споменикот „Карпалак“ во центарот на градот.

На 8 август 2001 година кај месноста Карпалак загинаа: Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски.

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе