Од нив, посочи таа, двајца се здобиле со потешки повреди.
Додаде дека на лице место екипите на ИМП интервенирале и за други полесно повредени лица кои се пожалиле на тешкотии со дишењето.
Попладнево во пожарот што избувна во хотелот „Буши" во Старата скопска чаршија биле зафатени дел од рецепцијата и кујната на хотелот, информираа од Противпожарната бригада Скопје. Тие потврдија дека пожарот е локализиран.
МИА