Време

Во Охрид наврна најмногу дожд - 40 литри на квадрат

Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврна во Охрид 40 литри на метар квадратен, во Маврово 17, на Попова Шапка 16, Крива Палнка 14, во Гевгелија 10, а осум во Дојран. Според прогнозата на УХМР, времето и денеска ќе биде променливо облачно, на места со слаба нестабилност проследена со врнежи од дожд. Рано утрово нестабилно со дожд и грмежи беше во Гевгелиско.

Претпладне со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне, во вечерните и ноќните часови нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има појава на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 30 степени. 
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Доцна попладне и во вечерните часови нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и електрични празнења. Mаксималната температура ќе достигне 28 степени.

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе