Македонско еколошко друштво

Во НП Маврово заловена е втората женка рисица - Лиса (ФОТО)

Македонското еколошко друштво (МЕД) заедно со Националниот парк „Маврово" со помош на кафез-замка заловија нова единка балкански рис на планината Бистра во близина на село Ростуше.

 

Во постапката за успивањето на животното и земањето биометриски податоци и примероци асистираше претставник од Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, биолог вработен во НП „Харц“, Германија како и вработени во Националниот парк „Маврово“.

Се работи за рисица на возраст 6–7 години, тешка 15 килограми. Единката е здрава и витална, а тоа го потврдува и првиот најден плен на терен – срна, само три дена по заловувањето.

Рисицата е крстена Лиса по желба на нашите долгогодишни соработници од НП „Маврово“ и е третата женка означена со околувратник во досегашните мониторинг сесии на МЕД. Досега со радиотелеметрија и ГПС-лоцирање се заловени девет различни единки рис во рамки на истражувачките активности од Програмата за закрепнување на балканскиот рис кои МЕД систематски ги спроведува од 2010 година.

Околувратникот ќе обезбеди нови информации за распространувањето и однесувањето на ова критично загрозено животно. 

Фотографиите од ова заловување се направени од Себастијан Кенеркнехт (Sebastian Kennerknecht) од Германија, професионален фотограф за диви животни. 

На Балканот се проценува  дека има уште 40 возрасни единки на балкански рис, којшто според Меѓународната унија за зачувување на природа (IUCN) е животно со критично загрозен статус.

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе