Агенција за храна и ветеринарство

Во Македонија е спречен влез на 18 тони сувомеснати производи со неисправни декларации

Во Македонија е спречен влез на 18 тони сувомеснати производи со неисправни декларации. Се работи за пратка која содржела чаден свински врат, чадена печеница и хамбуршка сланина со потекло од Холандија. Сувомеснатите производи биле наменети за македонскиот пазар, но се запленети од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Од Агенцијата велат дека сувомеснатите чадени производи не се пуштени во промет и не завршиле во чиниите на граѓаните, зашто не се во согласност со правилникот за квалитет и не се знае од какво месо се направени, дали од замрзано или свежо, колку вода или желатин содржат. Затоа пратката се чуваат под надзор на Агенцијата веќе 15 дена, пренесува Телевизија 24.

„Согласно испитувањата што се направени утврдено е дека декларираниот состав не одговара на тоа што е испитано. Има оттстапки во делот на протеини, јаглени хидрати и тн. А производот не е означен согласно нашиот правилник за квалитет на мелено месо, подготовки од месо и правилникот за информации поврзани со храна и поради тоа тие производи ние не можеме да ги пуштиме во промет во нашата држава“, изјави Ванчо Новоселски, раководител во АХВ.

Од компанијата Метро, која е увозник на сувомеснатите тврдат дека станува збор за здравствено безбедни производи. Велат дека биле земени примероци за испитување, но дека сѐ уште ги чекаат анализите и не добиле никакво мислење. Тврдат и дека производителот од Холандија е реномиран и со долгогодишно искуство.

„Кога ги увезовме производите се обративме до институциите. Од Ветеринарната управа земаа примероци за анализа, но се уште немаме добиено напишано никаков документ. И додека не добиеме не можеме ништо да кажеме“, велат од компанијата Метро.

Но од Агенцијата велат дека сите документи се издадени и увозникот има рок до денеска да се изјасни што ќе прави со чадените печеници, свински врат и сланина. Според регулативата има две опции. Да ја врати назад од каде што ја земал, односно во Холандија или да ја пренамени од храна за луѓе во храна за животни. Но и во таква ситуација, за да се пренамени во храна што ќе ја јадат животните, потребна е дополнителна анализа и дозвола од институциите.

Ако ништо од ова не се случи, велат инспекторите од АХВ, чадените сувомеснати ќе завршат на депонијата во Дрисла, каде што ќе бидат уништени. Трошоците ќе бидат на сметка на увозникот, а тој се соочува и со дополнителна парична казна.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе