Пописот на населението, домаќинствата и становите 2021

Во Македонија 36,6 отсто од становите се ненаселени

Во вкупното резидентно население на возраст од 15 години и повеќе, според писменоста, во Македонија регистрирани се 18.897 или 1.2 % неписмени лица, од кои 5. 517 се мажи и 13.380 се жени. Од вкупно 839.174 станови, 531.987 станови или 63,4 % се населени, а 307.187 станови или 36.6 % се ненаселени. , покажуваат резултатите од Пописот реализиран во 2021 година. Државниот завод за статистика денеска го објави и третиот сет на пописни податоци кои се однесуваат на образовните и економските карактеристики на лицата, лицата со попреченост и дел од картактеристиките на живеалиштата и становите.

Според највисокиот степен на школска подготовка, во вкупното резидентно население на возраст од 15 години и повеќе, регистрирани се: 23.192 лица или 1,5 % без образование, 62.129 лица или 4,1 % се со незавршено основно образование, 423.456 лица или 27,8 % се со основно образование, 672.375 лица или 44,1 % се со средно образование, 263.349 лица или 17,3 % се со високо образование, 29.654 лица или 1,9 % се со магистратура, 6.037 лица или 0,4 % се со докторат, а 45.174 лица или 3% се со непозната школска подготовка.

Според полето (видот) на највисокиот степен на школска подготовка, 189.736 лица или 18,7 % се од областа инженерство, производство и градежништво, а само 19.044 лица или 1,9 % се од областа Информатичко-комуникациски технологии.

Во вкупното резидентно население на возраст од 5 години и повеќе, кои се во процесот на формалното (редовно) образование: 186.570 лица или 10,7 % посетуваат основно образование, 80.378 лица или 4.6 % се во средното образование, додека 93.804 лица или 5.4 % се во високото образование, на магистратура и на докторски студии.

Вкупното работоспособно население на возраст од 15 години и повеќе изнесува 1.525.366 лица, од кои 717.769 лица се дел од активното население , односно 608.520 лица се вработени, а 109.249 лица се невработени. Бројот на неактивните лица изнесува 768.549.

Според највисокиот степен на школска подготовка, најмногу невработени, 56.701 лице се со средно образование од кои 34.313 се мажи и 22.388 се жени.

Според дејноста, најмногу вработени, 123.347 лица има во преработувачката индустрија од кои 65.751 се мажи и 57.596 се жени.

Во вкупното резидентно население, бројот на издржуваните лица изнесува 450.766, бројот на лицата со попреченост изнесува 94.412 и тоа: 1,8 % на возраст од 0 до 14 години, 43,5 % на возраст од 15 до 64 години и 54,8 % на возраст од 65 и повеќе.

Според видот на попреченоста, најголемо учество од 40,8 % или 38.499 имаат лицата со потешкотии со движењето.

 

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе