Во Лазарополе наврна најмногу дожд

Најмногу дожд изминатите 24 часа наврнал во Лазарополе, 28 литри на метар квадратен, а најмалку во Тетово, три литри.

Како што информира УХМР, до осум часот утрово се измерени 23 литри на единица површина во Гевгелија, 20 во Охрид, 19 Струмица, Тополчани, Претор, Берово, Крушево, 17 Пожар, 15 Прилеп, Д.Капија, 14 Битола, Виница, 13 Кр.Паланка, Маврово, 12 Штип, 10 Пожаране, 9 Скопје – Петровец, Ѓуриште, Попова Шапка, како и 7 во Скопје – Зајчев Рид.

Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд. Во текот на денот облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен до засилен, а вдолж Повардарието повремено силен северен ветер, што ќе услови значително опаѓање на дневната температура. Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 23 степени. 

Во Скопје, претпладне променливо облачно со услови за слаб дожд, а во текот на денот сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 20 степени.

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе