Во хотелите на АД ЕСМ на Попова Шапка сместени се 154 лица во државен карантин

Во хотелите „Попова Шапка” и „Славија” на Попова Шапка, кои се во сопственост на АД ЕСМ, во државен карантин поради коронавирусот сместени се 154 лица. Сместувањето е извршено во текот на вчерашниот и денешниот ден, а граѓаните се вратени со летовите од Виена, Австрија и од Базел, Швајцарија.

„При приемот, лицата се контролирани и анкетирани од медицинска екипа од Клиничкиот центар-Тетово, со постојано присуство и асистенција на МВР. Дистрибуцијата на храна, вода и средства за хигиена до собите се извршува од страна на вработените во ‘Елемтурс‘, според пропишаните процедури и протоколи“, велат од АД ЕСМ.

Се затвораат цркви, но се отвораат кладилници.

повеќе

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе