ВМРО-ДПМНЕ: Ако падне Талат Џафери паѓа Владата, затоа Ковачевски не смее да го осуди дивеењето во Собрание

Ако падне Талат Џафери паѓа владата, затоа Ковачевски прави будала од себе и не смее да го осуди дивеењето во собрание. Ковачевски е толку уплашен од Џафери што вчера мораше да гледа и фудбал со него, само за да покаже пред јавноста дека стои зад Џафери, и да го понесе срамот врз себе, се вели во денешната реакција на ВМРО-ДПМНЕ.

„До кога Ковачевски ќе продолжи да прави будала од себе за да не му излезе ДУИ од влада? Сите го слушнаа Талат Џафери како пцуе вработени во Собранието и врши мобинг врз нив, само Ковачевски едвај чека јавноста да заборава на случајот, за да не мора да го осуди Џафери и да не му се налути ДУИ.
Ковачевски само за да остане на власт е спремен да премолчи се, па дури и малтретирањето на вработените во собранието од страна на Џафери.
Ковачевски е спремен на се, па дури и да се слика со примитивецот од Форино, додека цела јавност се згрозува, само да поседи уште некој ден во фотелјата во влада.
Ковачевски е срам за државата исто колку и Џафери, затоа што за власт е спремен да жртвува десетина човечки судбини и да ги остави луѓето да бидат шиканирани од Џафери“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Кој кого „мафлосува“, тие нас или ние нив. Чекор напред, три назад, како раковите во Охридското Езеро од моето детство кои исчезнаа во налетот на технолошкиот напредок и уништувањето на животната средина.

повеќе

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе