Владата одобри склучување на Спогодба со Албанија за бесплатен пристап до дел од пристаниште во Драч

Владата на денешната 108. седница, на предлог на Министерството за политички систем и односи помеѓу заедниците, го разгледа и прифати Извештајот за извршени преговори за склучување на Спогодбата за соработка меѓу Владата на Република Македонија и Советот на министри на Република Албанија за развој на инфраструктурни проекти, логистичка безбедност и ефикасност на транспортна стоки меѓу двете земји.

„Разгледан е и прифатен и усогласениот текст на Спогодбата. Се работи, според посоченото од страна на Министерството за политички систем и односи помеѓу заедниците, за реализација на усвоен заклучок на последната заедничка седница помеѓу владите на двете држави, според којшто, на Република Северна Македонија и се доделува бесплатен пристап до дел од пристаниште, Порто Романо во Драч, а следствено на тоа, нашата држава ќе изгради суво пристаниште во Струга,“ информираат од Владата.

Од владината прес-служба посочуваат дека целта на соработката е подобрување на инфраструктурното поврзување, ефикасноста на транспортот за транзитни товари меѓу трговски пристаништа во Република Албанија и Република Македонија и безбедност на мрежата за снабдување во регионот. 

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе

Влијанието на корупцијата врз економијата е значајно. Корупцијата може да доведе до неефикасност и погрешна распределба на ресурсите, да ги обесхрабри странските инвестиции и да ја поткопа конкурентноста на фирмите.

повеќе