Виктор Драгомански осомничен за убиство на две лица уапсен на Малта (ВИДЕО)

Виктор Драгомански, вработен како обезбедување во угостителски објект на Малта, е уапсен под сомневање дека извршил двојно убиство на островската држава, објави „TVM“ од Малта.

„Ние сме во многу деликатна фаза на истрагата, има настани, но сè уште немаме никого уапсено. Работиме напорно на овој случај“, изјавија од полицијата по убиството.

Драгомански е Македонец од Скопје, а за двојното убиство извршено пред 8 дена исто така бил осомничен 25-годишниот албански државјанин Даниел Мука. Тој веќе бил на полициско сослушување, но во изјавата што ја дал пред органите, тој не бил организатор на убиството.

Првично полицијата се сомневаше на грабеж кој тргнал на лошо, но истрагата покажа дека се работи за добро смислено и веројатно нарачано убиство, што потоа го потврдил и Мука во изјавата. На снимките од надзорните камери се гледаа двајца како со оружје бегаат од куќата во која се случило убиството. На самото место, биле пронајдени шест чаури, а обдукцијата покажала дека Пандолфино бил застрелкан со четири куршуми, а Мациејовски е усмртен со еден истрел во главата.

На Јутјуб е објавена снимка од акцијата за приведувањето на Мука, каде целиот кварт бил опколен.

Извори блиски до истрагата потврдија дека форензички тестови на предметите пронајдени во автомобилот користен при бегството, ја одвело полицијата до Мука. Подоцна и неговите отпечатоци се пронајдени во автомобилот и се споредени со оние најдени од местото на злосторството.

Според медиумите на Малта, Драгомански се криел во хотелот Гзира каде е уапсен.

Жртвите на двојното убиство се партнерска двојка хомосексуалци, др Кристијан Пандолфино и Британецот со полски корени Ивор Мациејовски. Двајцата се убиени пред 8 дена, едниот е најден на првиот кат во заедничкиот дом, додека телото на втората жртва е откриено на вториот кат во куќата во градот Слиема во Малта. Пред да бидат откриени убиените, се слушнале истрели во куќата.

Жртвите биле во врска 4 години, Пандолфино бил лекар кој се префрлил во друга дејност и сега се занимавал со инвестирање во банки и фондови, а Мациејовски бил дилер и продавач на дела од современа уметност. Досега полицијата на Малта не соопшти детали за евентуалните мотиви за убиството за кое денеска е уапсен и Македонецот Виктор Драгомански. 

И покрај сета надеж што се роди со објавите за докажана ефикасност на неколку кандидати за вакцини за ковид-19, има долг пат пред нас што треба да се изоди за да се дојде до универзална и лесно достапна „вакцина за луѓето“. 

повеќе

Самиот Никос Коѕијас не го почитува договорот што го потпиша со Заев и Димитров. Ќе реагира ли македонското МНР на терминологијата во неговата колумна, како што вети дека секогаш ќе реагира кога се крши Договорот од Преспа? Треба. Ама не е за верување.

повеќе

За првпат 16 врвни бизнисмени од земјите на Западен Балкан, врз основа на мерливи критериуми, ќе го следат напредокот на економските реформи во регионот и ќе го известуваат Брисел.

повеќе