Граѓаните кои сакаат да остават цвеќе тоа можат да го сторат до 13 часот.
Посмртните останки на загинатите пристигнаа со задоцнување на Меѓународниот аеродром „Скопје" со два воено-транспортни авиона од Бугарија, поради лошите временски услови во Софија.
На барање на семејствата на загинатите откажана е поворката која требаше да помине низ главниот град.
Сообраќајната несреќа се случи на на 23 ноември, на втопатот „Струма" во близина на градот Перник во Бугарија кога автобусот на „Беса транс" – Скопје се враќал од Истанбул. Загинаа 45 граѓани, а седум беа повредени.