Време

Утрово најстудено беше во Берово - 3 степени

Во Берово утрово е најстудено, три степени, а најтопло е во Дојран, 12 степени.

Како што соопшти УХМР, до 8:30 часот четири степени се измерени во Лазарополе, 6 во Струмица и Битола, 7 во Маврови Анови, Тетово, Претор, Крива Паланка, Прилеп и Скопје-Петровец, 8 во Штип, Попова Шапка и Демир Капија, 9 во Скопје-Зајчев Рид и Куманово, како и 10 во Крушево, Виница и Гевгелија.

Според УХМР, во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Околу пладне и попладне ќе има локално зголемување на облачноста проследено со појава на краткотраен дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 26 степени.

Во Скопје сончево со умерена облачност. Околу пладне облачноста повремено ќе се зголемува и во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 20 степени. 

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе