УХМР

Утре времето ќе биде многу топло, вечерва можен локален пороен дожд

УХМР најавува дека до крајот на денот времето на места, претежно во источните делови, ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за краткотрајно невреме со појава на град, додека во текот на ноќта ќе биде малку до умерено облачно. Утре, според УХМР, ќе биде сончево и многу топло, на места со температура и до 38 степени, со мала до умерена облачност. И во наредните денови ќе биде многу топло и влажно време што дава чувство на повисоки температури.

Утре претладне ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а на места ќе има услови за појава на невреме со појава на град и силен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со слаб до умерен североисточен ветер.Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 36 степени.

Како што наведува УХМР, и во наредните денови ќе продолжи периодот на многу топло време со дневни температури кои насекаде ќе бидат над 30 степени. Поради зголемената влага во атмосферата ќе се чувствува дека температурата на воздухот е повисока за 1 до 2 степена. Поради влијание на циклонска активност од исток, претежно во попладневните и вечерните часови наместа ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со појава на град и силен ветер.

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе