Усвоена информација за потребата од акциски план за борба против тероризам во Западен Балкан помеѓу ЕК и Македонија

Владата на денешната седница nа предлог на Министерството за внатрешни работи ја разгледа и усвои и Информацијата во врска со потребата од потпишување Аранжман за спроведување на Заеднички акциски план за борба против тероризам во Западен Балкан помеѓу Европската комисија и властите во Република Македонија.

„Соочени со голем број на кризи, закани за мирот, стабилноста и безбедноста, а особено со закана од тероризам и насилен екстремизам, државите се обединуваат околу потребата од јакнење на капацитетите на органите за спроведување на законот, како и развој и унапредување на меѓународната соработка која е обединета во меѓународната коалиција за борба против тероризам,“ се вели во соопштението од Владата.

Од друга страна, се додава во него, исполнувањето на меѓународните стандарди за анализа и размена на безбедносните информации овозможуваат појасна слика за вистинските закани, но придонесуваат и за поголема подготвеност на надлежните институции за борба против тероризмот и насилниот екстремизам. сст/дма/

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе