Укината забраната за тешки товарни возила на патот Гостивар-Кичевo преку Стража

Во 11:10 часот укината е забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичевo преку планинскиот превој Стража. Од АСМС информираат дека денеска од 10:35 часот укината е и забрана за движење на ТМВ на патниот правец Охрид – Кичево, превој Пресека и обратно.

Посочуваат дека од 00:40 часот поради врнежи од снег воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар.

Од 06:20 часот поради обилни врнежи од снег воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот превој Ѓавато.

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе

Од мали нозе ги заобиколуваме правилата на игра, па не е ни чудо што потоа се сопнуваме кога ќе истрчаме на терен.

повеќе