Од 12,30 часот

Укината е забраната за тешки товарни возила на Стража

Укината е забраната за сообраќај на тешки товарни возила на планинскиот премин Стража. Како што информира АМСМ, забраната за сообраќај на овој планински премин е укината од 12:30 часот.

Претходно од 11:00 часот беше укината и забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Кичево – Охрид, преку планинскиот превој Пресека, а од 10:30 часот беше нормализиран сообраќајот на патниот правец Дебар – Маврово, кај местото викано Врбјанска Раскрсница, што половина час беше во прекин во двата правци поради паднато дрво.

Се уште е во сила забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Битола – Ресен, преку планинскиот премин Ѓавато, што беше воведена во 9:40 часот, на патот Гостивар – крак Маврово – Дебар, што е во сила од 6:30 часот, како и на патниот правец Р1209 Тетово – Попова Шапка, воведена вчера во 22:00 часот.

За останатите видови на возила на патниот правец Р1209 Тетово – Попова Шапка е задолжителна употреба на зимска опрема.

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе