Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10 степени. Времето во Скопје сончево, попладне облачноста ќе се зголемува, а текот на ноќта ќе има врнежи од снег и формирање на помала снежна покривка. Температура ќе биде до 6 степени.
Утре во поголемиот дел од земјава ќе има врнежи од снег, пообилни во западните подрачја, особено претпладне. Насекаде ќе се формира нова снежна покривка, освен во долниот тек на Повардарието. Заради ниските температури, ќе има појава на голомразица. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер, информираат од УХМР.
Оттаму истакнуваат дека во следните денови ќе се задржи променливо облачно, ветровито и многу студено време со повремен слаб локален снег.
Утринските температури на места ќе се спуштаат под -10 степени, а дневните на повеќето места ќе се задржат под нула.