Метеж и застој поради увидот

Тешка сообраќајка во Скопје, се судрија 5 возила, повредени се 4 лица (ФОТО)

Сообраќајна незгода попладнево се случи на крстосницата кај „Мавровка“ и комплексот судови во Скопје. Според првичните информации во несреќата учествувале 5 возила, а повредени се четири лица. Тие се префрлени во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ во Скопје. 

Во сударот учествувале пежо, пасат, БМВ, форд и голф, сите со скопски регистерски таблички. Во моментов во центарот на Скопје има голем метеж и автомобилите чекаат во место по речиси половина час, бидејќи се врши увид.

Од МВР детали за идентитетот на повредените, како и за карактерот на повредите и причините за несреќата, најавија по завршување на увидот. 

 

 

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе