Кампања „Правна заштита – сигурност на работничките права“

Телефонски или електронски пријавете прекршување на работничките права

Работниците ќе можат телефонски или електронски, преку меил, да пријавуваат или да поднесуваат жалби и барања доколку им се прекршени правата. Ова е целта на новата кампања на ССМ која предвидува поедноставен пристап до бесплатната правна заштита за работниците.

Кампањата е под мотото „Правна заштита – сигурност на работничките права".

„Преку воведување посебна новоотворена телефонска линија 070 818 878 и преку посебна меил адреса, [email protected], работниците можат да ги доставуваат своите пријави, жалби и барања, по што колегите во најкраток рок ќе постапуваат“, информира ССМ.

Според ССМ, активностите за заштита на работничките права ги преземаат овластените правни застапници и синдикалните претставници во 10 регионални синдикални претставништва (Скопје, Битола, Велес, Делчево, Кавадарци, Куманово, Охрид, Прилеп, Тетово, Штип) како и во синдикалните канцеларии (во Ресен, Свети Николе, Берово, Виница, Кочани, Гевгелија, Неготино, Крива Паланка, Дебар, Струга, Македонски Брод, Гостивар, Кичево, Струмица, Пробиштип, Радовиш).

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе