Време

Студено утро, потоа сончево

Времето во Македонија утрово ќе биде студено за овој дел од годината, а преку денот сончево со мала до умерена локална облачност претежно во северните делови. Ќе дува слаб до умeрен ветер од јужен правец, само во западните делови ветерот ќе е западен и повремено ќе засилува.

Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 10, а максималната од 18 до 25 Целзиусови степени. 

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умeрен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 23 степени.

Во текот на работната седмица ќе биде стабилно со студени утра и со дневни температури кои ќе бидат под просекот за овој дел од годината. Утре ќе дува повремено засилен јужен, во западните делови западен ветер кој ќе засилува, а потоа до четврток ветерот повремено преку денот ќе засилува и ќе е северен. Во среда ќе има зголемена облачност и услови за појава на краткотраен дожд.

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе