Од Скопје се испратени 7 пожарникари со 3 возила

Страотен пожар во Тетово, апел до граѓаните да не излегуваат непотребно и да не се задржуваат кај огнот (ФОТО+ВИДЕО)

Од големиот пожар, густ црн чад се шири во и околината на поранешниот Тутунски комбинат во Тетово. Противпожарните екипи се на терен, а командантот на Противпожарната бригада од Скопје, Ѕвонко Томевски за МКД.мк вели дека испратиле екипи на местото. На помош во Тетово веќе се 7 пожарникари од Скопје со 3 возила. СВР Тетово апелира до граѓаните да се воздржат од непотребно излегување, поминување или задржување на местото на пожарот.

„Ипративме 7 пожарникари со 3 возила на терен. Тие веќе се таму и интервенираат. Доколу има потреба ќе испратиме уште, но не можеме и градот да го оставиме без пожарникари“, вели за МКД.мк командантот Томевски. 

Пожарот, како што информираа од СВР Тетово настанал во магацин  за складирање на производи. 

„Во 09.30 часот во СВР Тетово пријавено е дека настанал пожар во магацин за складирање на производи на тетовска фабрика, лоциран помеѓу улиците „Маршал Тито" и „Борис Кидрич" во Тетово. Според првичната пријава нема повредени лица, а екипи на Територијалната противпожарна единица Тетово преземаат мерки за гаснење на пожарот“, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Служби на СВР Тетово веќе се испратени на местото на пожарот и ги преземаат сите неопходни мерки.

Нови детали за пожарот следуваат подоцна. 

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе