Тие бараат итна средба со Владата, на која ќе биде потврдено тоа што начелно беше договарано и истото да се реализира веднаш.
„Ако не биде постигнат договор за 2.806 денари сега, од септември истото ќе изнесува 18,4 проценти односно онолку за колку што се зголеми минималната плата согласно Закон, каде што рокот од 6 месеци мора да се испочитува за што и Владата јасно истакна дека во рок од 6 месеци ќе се усогласат останатите плати и од тоа назад нема“, соопшти ССМ.
Синдикалистите потсетуваат дека бараа зголемување на платата уште од 1 Мај и поради тоа на улица излегоа преку 7.500 работници, кои јасно ја упатија пораката дека зголемени плати им се потребни веднаш, но очигледно пораката не е разбрана.
„ССМ настојува да се помогне на работниците со најниски примања и поради тоа барањето за зголемување на платите за 2806 денари веднаш е солидарно решение, а во спротивно и од сигналите кои со ребалансот се испраќаат, солидарноста ќе ја снема и работниците ќе го бараат тоа што им следува по закон“, соопштија од ССМ.