Спасовски: Се намалува бројот на криумчарења на мигранти

Oбидите за влез на мигрантите кај нас се намалени. Меѓутоа, има зголемување на мигранти кои што се обидуваат, ако не преку нашата држава, преку другите рути, како Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, или пак, влегуваат преку Бугарија, па преку Србија – имаме таков тренд на зголемување, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во интервју за Алсат-М.

„И покрај тоа што нема моментални активни жаришта на Блискиот Исток,  решението на проблемот на кризата мора да се бара таму каде што е изворот на кризата“, порача Спасовски.

Во однос на регистрацијата и идентификација на мигрантите, Спасовски појасни дека секое лице коешто се обидува илегално да оствари влез во Македонија или лица коишто се криумчарени, веднаш по завршување на постапката се евидентираат, им се земаат податоци, се дактилоскопираат, податоците се внесуваат во системите за контрола на патници и возила на граничните служби, а понатаму се дел од анализи коишто ги прави МВР и се носат во времените прифатно-транзитни центри.

„Во првите шест месеци имаме откриени 53 случаи на криумчарење на мигранти и преземени се мерки за кривичен прогон против 62 лица, од коишто 15 се странски државјани“, информираше Спасовски.

На прашањето дали се преземени потребните мерки оние мигранти кои ја минуваат т.н. Балканската рута, а имаат криминално досие да не можат да поттикнуваат конфликти во земјава, министерот дециден дека во сите овие изминати години, дури и во 2015/16 кога поминаа повеќе од еден милион и сто илјади луѓе, не бил забележан посериозен инцидент којшто би ја нарушил безбедноста во државата.

„Не може да се констатира дека поголемиот дел од овие луѓе кои што се обидуваат да транзитираат по оваа рута се луѓе со криминално досие. Но, ако прашаме дали има лица кои што се со криминално досие – да, има. Ако видите дека во најголемиот дел од случаите на криумчарење со мигранти секогаш имаме лице кое што потекнува од овие земји и коешто практично влегува во мрежата на криумчарите со мигранти, тогаш самиот факт говори дека  постојат лица коишто се со сомнително досие“, вели Спасовски.

Прашан дали некој од нив наместо во западноевропските земји можеби завршува како воен волонтер во Русија или Украина, министерот Спасовски потенцираше дека не постојат обиди од територијата на Македонија да бидат регрутирани лица било каде.

„Доколку постојат било какви индиции за одредени лица коишто се обидуваат илегално да влезат или коишто се дел од тие мрежи на криумчарење на мигранти, исто така, тие информации навремено ги споделуваме со меѓународните агенции, со нашите партнери, со цел да биде спречен било каков обид за нарушување на безбедноста, како нашата, национална, така регионалната безбедност или онаа на глобално ниво“, додаде министерот Спасовски.

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе