Спасовски: Носењето Закон за државјанство, односно негово предлагање, е исклучиво надлежност на МВР

Раководството на МВР има отворено процес и се разговара за тоа каде би требало да дојде до измени на Законот за државјанство за да им се овозможи на оние лица кои од сериозно објективни причини не можеле да добијат или пропуштиле некакви рокови во минатото, да можат да остварат право на државјанство на Република Северна Македонија, меѓутоа при тоа сепак да се заштитат националните и државните интереси. 

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски потенцира дека врз основа на тој став се разработуваат можни варијанти на Закон за државјанство.

Кога ќе бидат подготвени, нагласи тој, ќе и го соопштиме на јавноста , ќе го доставиме до Владата, а потоа ќе оди во Собранието.

Спасовски истакна дека носењето Закон за државјанство, односно негово предлагање, е исклучиво надлежност на МВР и не може да се очекува дека некој од надвор треба да даде законско решение, а Министерството да се изјасниме за тоа.

Во однос на предложениот законски текст за државјанство од страна на коалицијата на Алијансата за Албанците и Алтернатива, Спасовки нагласи дека тоа е пред се политички памфлет и од него не може да се сфати што сакаат предлагачите и не нудат трајно решение.

„Нас ни треба трајно решение, заштита на државните и национални интереси и заштита на граѓаните кои се тука и треба да го добијат тоа државјанство, а од објективни причини не можеле да го добијат досега", изјави вчера министерот Спасовски, по примопредавањето опрема наменета за потребите на сообраќајна полиција од страна на претседателката на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Гордана Кожуваровска.Тој посочи дека собранискиот Деловник ја налага потребата во однос на законските решенија да се изјасни институцијата Влада. 

„Тука нема кој сакал или не сакал. Ние овде не сме како држава да застапуваме лична волја, застапуваме интереси на граѓаните, оние што не плаќаат и за кои треба да работиме за да ги остваруваат нивните интереси. Тоа дали законско решение е предложено од една, втора, трета партија воопшто не не интересира, нас не интересира државниот интерес", додаде Спасовски.

 

 

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе