Спасовски: Дигитална трансформација во МВР, камери за сообраќајната и граничната полиција

Годинава беше заокружен проектот за снимање со мобилни камери наменети за единиците за сообраќај и Одделот за гранични работи, а кој е комплементарен на дигиталната трансформација на МВР, објави на Фејсбук министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

„Т. н. боди-камери претставуваат бариера против корупцијата со што практично ги штитиме и граѓаните и полицијата – ги исклучивме човечките субјективности на кои сме научени со години наназад“, наведува Спасовски во објавата.

Тој потенцира дека системот на снимање со камери при евентуално направен прекршок, значи неселективност и транспарентност при казнувањето, а секој што нема да ги почитува сообраќајните правила и прописи ќе сноси одговорност.

„Продолжуваме со процесите на дигитализација и сузбивање на корупција, заедно со нашите партнери САД, коишто ја овозможија оваа вредна донација од еден милион и шеесет и една илјада американски долари, проект на ИЦИТАП програмата на Одделот за правда на Владата на САД“, додава Спасовски во објавата. 

  

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе