Спасовски бара да се реши случајот со ЗОО Скопје: Таму животните се чуваат, не се убиваат

Полициските службеници вчера во Зоолошката градина во Скопје се соочија со една слика која не доликува на ниту еден граѓанин, а камоли на институција која се занимава со одгледување животни, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, за вчерашниот настан во Зоолошката градина во Скопје, каде беа заклани 12 коњи и една мазга за да се нахранат дивите животни. Тој очекува случајот да се истражи до крај и да се прати порака дека таквите однесувања нема да се толерираат.

Вчера, Одделот за криминалистичка полиција и Одделот за крим-полиција во Полициска станица Карпош заедно настапија во ЗОО. Имаме поднесено кривична пријава против директорот и уште пет лица кои се вработени во ЗОО. Навистина мислам дека тоа беше една слика којашто не доликува воопшто на ниту еден граѓанин, а не на институција којашто треба да се занимава со одгледување на животни, со една хумана професија. Така што, постапката и пред Обвинителството и пред надлежните органи, треба да се заврши до крај, се со цел да се прати јасна порака дека такви однесувања не смеат да се толерираат во иднина, потенцира Спасовски во изјава за медиумите.

МВР претходно соопшти дека се поднесени кривични пријави против директорот и уште пет вработени лица од Зоолошката градина Скопје.

„На 14.07.2022 во 18 часот, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција при МВР и Одделението за криминалистички работи Карпош лишија од слобода пет лица, и тоа Д.М.(25), А.М.(43), М.Х.(45), В.Г.(46), вработени во Зоолошката градина во Скопје и З.Р.(44), надворешен соработник“, соопшти МВР.

При извршена обиколка на Зоолошката градина, по претходно добиени сознанија, тие биле затекнати во помошните простории на Зоолошката градина (кујна за подготвување храна за животните) како подготвуваат храна од коњи (12 коњи и една мазга) кои ги колат на лице место за месото да го употребат како храна за дивите животни во Зоолошката градина.

Лицата се приведени во полициска станица, каде дополнително бил повикан и К.С.(35), директор на Зоолошката градина, со кого бил извршен службен разговор. На лице место излегле и инспектори од Агенцијата за храна и ветерина, кои констатирале неправилности во постапката и го одзеле месото.

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе