„Спас за Маврово“ е слоганот под кој ќе протестираат мавровчани и на овој начин повторно од општината ќе побараат решавање на бројните проблеми со кои се соочуваат – дивоградбите, снабдувањето со вода и струја, редовното собирање на ѓубрето, локалните патишта, загадувањето на езерото, неконтролираната сеча на шумите... Жалосна е состојбата во Мавровскиот регион, согласни се мавровчани. Тие потсетуваат дека и покрај решението за уривање на девет куќи под хотелот Радика кај Леуново и поднесените три кривични пријави, инвеститорот Радика резорт продолжува со градежните активности.
- Македонија
- Спорт
- Свет
- Забава
- Култура
- Кујна
- Фото
- 74НОВИ / 24h
- 1 од 13
- следно ›
- Контакт