Хаџиу за БНТ

Сопственикот на „Беса транс“: Зошто не бев јас во автобусот што изгоре, да умрам

Сопственикот на туристичката агенција „Беса транс", Беким Хаџиу, за првпат откако се случи страотната несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија, проговори за деталите околу патувањето и автобусот кој изгоре, при што загинаа 45 луѓе. „Си реков: зошто и јас не бев во тој автобус, да умрам и јас во автобусот. Многупати го помислив тоа", вели тој во интервју за БНТ. 

Фото: Принтскрин од БНТ

Тој вели дека со семејството често патувале на турите кои ги организирале, а така било и овој пат. Со сопругата патувале во првиот автобус, а неговите деца биле во еден од другите автобуси. За страшната несреќа разбрал на границата, на излегување од Бугарија.

„Им реков да ме однесат до местото, да видам со свои очи што се случило таму", вели Хаџиу.

Со такси, се вратил до местото на несреќата, каде останал неколку часа. Автобусот бил на технички преглед три недели пред несреќата, а пред секое патување, секое возило одело на сервис, вели Хаџиу.

„Пред да тргнеме за Турција им правиме сервис, контролираме, а дури и кога ќе стигнеме во Истанбул, и таму одиме на сервис, превезуваме патници, да видиме каква е ситуацијата. Сѐ беше во ред и на патот натаму и кога бевме на сервис таму. Кога има нешто, ни велат веднаш да го поправиме. Туби има во секој автобус, тие се со вода, секој автобус треба да ги има, за секој случај. Тоа е резервна вода. Има строги контроли при влез во Бугарија, багаж, возач, сето тоа што се пренесува", вели Хаџиу.

Автобусот имал фабричко ограничување и не можел да оди побрзо од 100 километри на час. На прашањето дали автобусот ги имал сите неопходни документи, Хаџиу и неговиот адвокат велат дека сега нема да коментираат, затоа што истрагата трае.

„Можеме категорично да кажеме дека фирмата „Беса транс" поседува лиценца за изршување на транспортна дејност на територијата на Европа и за извршување туристичка дејност во и надвор од Република Северна Македонија", вели адвокатот на Хаџиу, Љубомир Таков.

Од моментот на несреќата Хаџиу е во Бугарија, каде нашол место за престој, за да им биде на располагање на истражителите и да помогне. Вели дека им стои на располагање и на семејствата на настраданите, со кои неговото семејство било во контакт.

„Никој не сакаше ова да се случи, тоа сите го знаат. Таква трагедија на никој да не му се случи, тажна, многу тажна трагедија. Не знам што повеќе да кажам", вели сопственикот на „Беса транс“ за БНТ.

Легенда под Главна слика

Фото: Принтскрин од БНТ

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе