Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Од 15.11.2022 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2023 година.
Времето утре ќе биде облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека локално, особено во јужните делови, во текот на ноќва и утре врнежите ќе бидат пообилни, над 35 литри на метар квадратен, а на планините снежната покривка ќе се зголеми.
В петок и сабота ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а од недела ќе има локални врнежи од дожд.