Време

Сончево со температури до 42 степени

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Кон крајот на денот ќе има зголемена облачност, локално со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме. УВ индексот ќе биде 8.

Во Скопје максималната дневна температура ќе достигне до 39 Целзиусови степени, Маврово 31, Охрид 34, Битола 37, Крива Паланка 35, Берово 34, Кавадарци 40, Дојран 42.

Утре претпладне времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има појава на невреме со пообилен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град. 

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе