Време

Сончево со слаб северен ветер

Времето во Македонија денеска наутро ќе биде свежо, а преку денот сончево и малку потопло со слаб претежно северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 21 Целзиусов степен.

Во Скопје, сончево и малку потопло со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 19 степени. Маврово 12, Охрид 15, Битола 16, Крива Паланка 13, Берово 13, Кавадарци 20, Дојран 21.

До петок ќе преовладува претежно сончево време и наутро постудено, а преку денот со се повисоки температури. Во сабота облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за слаб локален дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во недела и понеделник кога ќе дува засилен северен ветер и ќе има позначително спуштање на температурите.

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе