Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 22 степена. Маврово 15, Охрид 21, Битола 22, Крива Паланка 18, Берово 19. Кавадарци 25, Дојран 27.
Следува период на променливо облачно и посвежо време, на места со повремен дожд и ретки грмежи. Температурата ќе опадне за неколку степени.