Сончево со мала облачност, попладне локален пороен дожд

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со умерена облачност, попладне и кон крајот на денот со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 17 до 24 Целзиусови степени.

Во Скопје, сончево со умерена облачност, попладне во делови од Скопската Котлина ќе има појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, повремено и засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 23 Целзиусови степени.

За време на викендот ќе преовладува стабилно и релативно топло време. Во почетокот на следната седмица повторно ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи.

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе