Време

Сончево со мала облачност и температури до 15 степени

Денеска претплaдне времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, од пладне облачноста ќе се намали и преку денот времето ќе биде сончево и посвежо. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 9 до 15 Целзиусови степени.

Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, од пладне облачноста ќе се намали и ќе преовладува сончево време. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 13 степени.

Во следните денови ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност. Утре и во понеделник ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер што ќе предизвика опаѓање на дневните температури за 7 до 10 степени. Утринските температури од понеделник на повеќе места ќе се спуштат под нулата, а дневните од среда ќе бидат во постепен пораст.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе