Време

Сончево со мала облачност

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност проследена со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, претежно во западните и јужните делови. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17, а максималната ќе достигне од 22 до 31 Целзиусов степен.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне 30 степени. Маврово 22, Охрид 27, Битола 28, Крива Паланка 27, Берово 25, Кавадарци 31, Дојран 30.

До петок ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина воден талог), силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град. Дневната температура до ќе биде во опаѓање.

И во Скопската Котлина ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, повремено во форма на невреме.

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе