Максималните дневни температури ќе достигнат во Скопје 19 Целзиусови степени, Маврово 11, Охрид и Крива Паланка 16, Битола 18, Берово 15, Кавадарци и Дојран 22.
И утре ќе имаме сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен вдолж Повардарието. Дневните температури ќе се движат од 11 до 20 степени.