Време

Сончево со мала до умерена облачност

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 10, а максималната ќе достигне од 17 до 23 Целзиусови степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 20 степени.

Во следните денови ќе се задржи стабилно и суво време. До сабота дневната температура ќе биде пониска за неколку степени, а од недела повторно ќе биде во пораст. За време на викендот по котлините ќе има појава на магла.

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе