Сончево и топло време со температура до 24 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а во западните планински подрачја ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се движи од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 18 до 24 степени.

Во Скопје времето исто така ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне 23 степени.

За време на викендов ќе преовладува сончево и топло време. Во текот на следната седмица ќе се задржи сончево и топло време, но во попладневните часови, особено во вторник ќе има појава на локален пороен дожд и грмежи.

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе